• Sat. Nov 23rd, 2024

Епископот Јаков: Најголема опасност е доколку партиите  не понудат концепт против родовата идеологија

ByЃ. K.

Jan 22, 2024

Сериозна опасност за општеството ќе биде доколку политичките партии во своите изборни програми не понудат концепт кој би застанал против родовата идеологија чија агенда е уништување на семејството и ограничување или потполно одземање на слободата на говор, а со тоа и слободата на мислење, оценува викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во своето божиќно интервју.


-Навистина посакувам да видам некој да се одважи да застане во борба против овие дехуманизирачки глобални трендови кои му дишат во врат и на нашето општество. Оти за какво подобро општество ќе зборуваме ако ги срушиме фундаменталните вредности кои што го држат и крепат, а тоа е семејтвото, вели Епископот г. Јаков.


 Владиката смета дека оваа тема не е сѐ уште завршена и дека допрва ќе има нови предлог текстови во кои, како што вели, ќе се прави суптилен обид да се протнат истите идеи кои што беа критикувани.
-Ќе читаме текстови кои можеби ќе се разликуваат по својата форма и содржина. Ќе се работи на тоа формата да биде прифатлива за нас, за да бидеме изманипулирани и да ги голтенме потполно истите идеи кои што ги критикувавме. Уште поголема опасност е апатијата и рамнодушноста на родителите, додава г. Јаков.


Дециден е дека Црквата не може да биде загрозена од било кој или било што.


-Не го зборувам ова, за како што велат, ние себеси се заштитиме или дека наѕираме опасност за Црквата. Напротив, Црквата ќе опстои до крајот на вековите. Последното нешто што ќе постои на овој свет, паралелно со неговото постоње е Црквата. Затоа повторувам, најголема опасност ќе биде доколку политичките партии не понудат таков концепт кој ќе стои во одбрана на семејството и општеството, заклучува во божиќното интервју, Епископот Стобиски г. Јаков.

By Ѓ. K.