• Fri. Nov 22nd, 2024

Епидемиолошката состојба полека се подобрува, скринингот продолжува

Епидемиолошката состојба полека се подобрува, скринингот продолжува

Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела (n=8.638). Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од    14.02.2022 до 20.02.2022г.,тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.262; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000.

Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=1.482, 24,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=327; 5,3%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *