Населеното место Добрејци доби ново енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ во рамките на заедничката акција со општина Струмица и ЈПКД „Коминалец“ за уредување на населените места, постави 35 нови ЛЕД арматури.
Според Митко Бујуклиев, директор на претпријатието, новото современо улично осветлување во однос на претходното, значи поголем квалитет и заштеда на енергија. Истовремено, во ова населено место се врши и редовно сервисирање на останатиот дел од уличното осветлување. Замена на старото со ново улично осветлување ќе се врши и останатите населени места.