• Fri. Nov 22nd, 2024

Емилија Динева од Дојран е донорот на срце и два бубрега

Емилија Динева

43 годишната Емилија Динева од Дојран, којашто настрада во трагична несреќа е донор на срцето за првата трансплантација извршена во земјата. Покрај срцето, донирани се и двата бубрега на Динева, за што имало согласност од нејзиното семејство.

Овој хуман гест на семејството Диневи ги трогна граѓаните кои постојано споделуваат фотографии од Емилија и благодарност што решиле срцето и бубрезите на нивната сопруга и мајка да спасат три животи. Семејството апелирало во иднина да се продолжи со донирање на органи, да се даде можност за спас на човечки животи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *