Барањето работа не е едноставен процес. Туку за тоа е потребно полно работно време и физичка и психичка кондиција. Ова го истакнуваат експертите кои две децении се знаимаваат со вештините за успех. Ова им го открија и на младите невработени на средбата во Струмица.
Обуката беше организирана во неколку модули. Животните и бизнис вештините се важни за да се дојде до посакуваното работно место, рекоа предавачлите.
Освен формалното, од голема важност е и неформалното образование. Курсеви, обуки работилници кои одат во прилог на зголемувањето на знаењето како поголеми предности за добивање на одредена работна позиција. Бесплатните обуки во соработка со Агенцијата з авработување, ги организира Едукативниот центар на Пивара Скопје – Мотива. Наредните денови вакви обуки ќе има и во Прилеп, Тетово, Битола и во Штип.