СЗО влезе во Вухан. Тим експерти од Светската здравствена организација денеска влегоа во Вухан. Тоа е градот од каде започна да се шири коронавирусот. Целта на нивната посета на овој кинески град е испитување на потеклото на вирусот.
Официјален Пекинг ја оспори намерата на СЗО да го испрати својот тим во Вухан, но со многу перипетии, тој тим на експерти сепак доби зелено светло.
Тимот на СЗО влезе во Вухан, а веста ја објави кинеската државна телевизија. Тимот ќе помине околу еден месец во тој град, вклучително и две недели во карантин.
Петр Бен Ембарек, водечки експерт на СЗО за болести на животни кои се шират и на други видови, води тим од 10 независни експерти. Виетнамскиот биолог Хунг Нгуен, кој е дел од тимот, не очекува ограничувања на работата. Тој за Ројтерс изјави дека не би требало да има проблеми.
По завршувањето на карантинот, тимот ќе помине две недели испитувајќи луѓе од истражувачки институти, болници и пазари на морски плодови во Вухан, каде се верува дека се појави нов патоген, додаде Хунг.
Пред извесно време, пак, првиот човек на СЗО рече дека е загрижен за состојбата со коронавирусот. И покрај фактот дека вакцинацијата против Ковид-19 започна во светот, Рајан изрази загриженост за брзото ширење на нов, позаразен вид вирус. Ова е констатирано во некои земји. Тој рече дека жали што вакцинацијата најмногу се спроведува во побогатите земји.
извор: Макфакс