Еколошкото друштво „Планетум“, отпочна нова еко кампања која ќе се спроведува во две струмички кафулиња.Секој гост во кафулињата Концепт и Кафе 19, со своето кафе ќе добие и еко порака. Станува збор за креативна акција која има за цел да ја подигне свеста на младите за климатските промени. Мотото на кампањата е:„Климата не е на копче“.