• Fri. Nov 22nd, 2024

Екипи од земјава, Србија и Бугарија играа на турнирот во чест на Филип Лазаревски – победници Реал од Ниш

ByВане Трајков

Apr 14, 2018

Младите на ФК ,,Реал,, од Ниш – Србија се победници на првиот меморијален фудбалски турнир ,,Филип Лазаревски,, што го организираше Академија Пандев заедно со семејството на починатиот млад фудбалер.

Тие во финалето ги совладаа фудбалерите на Вардар од Скопје по изведување на пенал рулетот откако регуларниот дел заврши 2:2. Третото место им припадна на гостите од Бугарија. Наградите за најдобрите екипи и поединци ги доделија преставници од Академијата, семејството Лазаревски и претседателот на Советот Марјан Даскаловски

На турнирот учествуваа шест екипи и тоа младите на Академија Пандев, Беласица, Вардар и селекцијата на ФФМ од земјава, Лудогорец од Бугарија и Реал Ниш од Србија

Учесниците ја пофалија организацијата на турнирот и му одадоа почит на Филип кој лани загина во сообраќајка а беше дел од таборот на Академија Пандев но и младински репрезентативец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *