Во денешната статистика од 28 новорегистрирани лица , позитивни на корона вирусот се впишува и првиот валандовчанец.Во телефонски разговор директорот на Здравен Дом Валандово, Роберт Марков не информираше дека лицето кое е позитивно воопшто не престојувал во општината , оти до вчера бил сместен во државен карантин.По првичните симптоми кои ги развил додека бил во карантинскиот престој , тестиран и со наод и мислење од лекарите бил префрлен на Инфективната болница во Битола.