Нови промени доаѓаат од Брисел во означувањето на рокот на траење на прехранбените производи. Европската комисија ќе ги менува ознаките „најдобро да се употреби до“ бидејќи во нив го гледа виновникот што во Унијата 20 отсто од храната завршува во отпад, пишува Дневник.хр. Европската комисија затоа се движи кон промена на ознаките „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“ бидејќи анкетата покажа дека половина од граѓаните не ја разбираат разликата.
„Да се остават, на пример, двете етикети, каде што ‘да се употреби до’ би значело кога храната е безбедна за консумирање и ‘најдобро да се употреби до’ додека квалитетот е оптимален. Исто така се разгледува опцијата целосно да се укине етикетата ‘најдобро да се употреби до’ и да е остави само онаа до кога храната е безбедна за консумирање“, изјави Билјана Борзан, пратеник во Европскиот парламент.
Еден од предлозите е да се прошири листата на долготрајните намирници, како тестенините, кои целосно би биле изземени од означување на рокот на траење, но Италија се противи на такво нешто. Најмалку десет проценти од храната завршила во отпад затоа што потрошувачите погрешно ја разбрале ознаката „најдобро да се употреби до“.
„Овој асортиман на производи вклучува чипс, корнфлекс, шеќер, сол, чоколадо“, вели Тања Топовиќ Тилиповиќ, од центарот за информирање и едукација на потрошувачите.
Покрај ова тука се чаеви и ориз, па промените на етикетите се придружени со посилна промотивна кампања која на граѓаните ќе им ги објасни разликите во етикетите на роковите.
Томислав Сокол, пратеник во Европскиот парламент, рече: „Во Европската унија 20 проценти од храната се фрлаат без потреба. Значи, од една страна се фрлаат 20 проценти, а од друга, 33 милиони граѓани на ЕУ не можат да си дозволат квалитетен оброк секој друг ден.”
ИЗВОР:https://nezavisen.mk/evropskata-unija-kje-gi-menuva-etiketite-za-hranata/