Европската куќа во Струмица одбележа две години постоење во кои се обидуваат преку различни активности да ги промовираат европските вредности но и да ги потикнат младите да бидат креатори на новите општествени текови. Како што истакнаа Печков и Клесова, ЕУ хаѕс успеале да организира околу 330 настани потикнати од младите за да ги артикулираат своите потреби но и да остават свој печат на ова време
На одбележувањето на годишнината од ЕУ хаус Струмица присуствуваше и Штефен Худолин, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Тој кажа дека поддршка и понтаму ќе продолжи кон овие центри се со цел младите да споделуваат и иницираат решение кои се во нивен интерес.