Од ЕВН информираат дека во вторник, 22 август од 09:30 до 13:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Ново Село, односно без снабдување ќе останат корисниците лоцирани на влезот на селото од кај Сушица, се до реката кон ресторанот „Мичел“, како и поранешните фабрики „Пирин“ и „Треска“.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.