Сезоната на летните одмори е „зад аголот“, а голем број туристи од регионот, наместо луксузни хотели бираат апартмани, што значи дека кујната им е достапна и нема секој ден да јадат во ресторани. Еве колку пари ви се потребни за основните намирници во трите популарни летни дестинации – Грција, Црна Гора и Турција.
ГРЦИЈА
Цените во Грција може да варираат од едно до друго место, но во големите ланци маркети кои имаат продавници во речиси сите туристички места, тие разлики не се драстични.
Основните намирници како векна леб се движат од 1,1 до 1,9 евра, литар млеко може да се купи за 1 евро, но и за 2,5, а јогуртот оди од 2 до 4 евра. Пакување со тестенини во просек чини евро или два, а за килограм фета сирење потребно е да се издвојат од 7 до 11 евра.
Што се однесува до зеленчукот, килограм домати чини од 1,5 до 2,5 евра, една краставица е од 0,5 до 0,8, а килограм компир чини помеѓу едно и две евра.
Килограм пиперки се движи од два до три евра, а тиквички од 0,8 до 1,3 евра.
Овошјето како килограм јаболко чини од 0,9 до 2,2 евра, праските може да се купат од 1,8 до 2,5, а лубениците чинат од 1,2 до 2 евра по килограм.
ЦРНА ГОРА
Векна леб во Црна Гора чини 0,9 евра, литар млеко во просек е 1,5, додека јогуртот е околу 1,45.
Пакувањето тестенини варира од 0,5 до 2 евра, а килограм фета сирење од 2 до 10 евра.
Кога е во прашање свежиот зеленчук, килограм домати чини од 2,29 до 3 евра, краставиците помеѓу 1,29 и 1,39, а килограм компир чини околу 1, 09 евра.
Цената за килограм пиперки е помеѓу 1,59 и 2,49 евра, а тиквичките 1,09.
Јаболкото чини помеѓу 1,29 и 1,59, а праските од 2,39 до 2,79 евра.
ТУРЦИЈА
Во Турција цените драстично варираат од град до град, но се пониски во однос на претходните две дестинации.
Просечната цена на лебот е 0,34 евра. Литар млеко чини 0,88 евра, а килограм домашно сирење 5,47 евра.
Килограм домати чини 0,77 евра, а просечната цена за килограм компири е 0,54 евра. За зелена салата во просек е потребно да платите 0,48 евра.
Овошјето како килограм јаболка и портокал чини 0,64 евра, а бананата 0,98 евра.