• Sun. Nov 24th, 2024

Евакуирани два аеродорми во Варшава поради дојава за бомба

By

Apr 6, 2016 #Свет

На главниот меѓународен аеродром во Варшава полицијата и граничната стража синоќа ги евакуирале двата терминала поради дојава за подметната бомба, јавува Спутник повикувајќи се на полски медиуми.

  • Добивме информации врз основа на кои е евакуирана зградата. Граничната стража ја проверува дојавата, соопштуваат од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава, јавува полската телевизија Полсат.

Еден терминал на аеродромот во Варшава го провериле пиротехничари и ги пуштиле патниците да го напуштат аеродромот, а во тек е проверувањето ан другиот терминал.

Претходно околу 18 часот вработените на споредниот аеродром добиле предупредување дека ќе експлодира подметната бомба. Зградата била веднаш евакуирана, а аеродромот бил затворен еден час.

Сепак, тревогата била лажна, па не морало да се пренасочуваат летови.

Двата аеродрома ги добиле заканите речиси истовремено.
Аеродромот во Модлин беше евакуиран и на крајот на март поради шега на пијани млади Полјаци, кои додека славеле роденден, се јавиле од мобилен да пријават подметната бомба. Полицијата многу брзо го лоцирала повикот, а кога пристигнала на адресата имала што да види – 20 пијани млади.

На еден од нив, оној од чијшто телефон било ѕвонето, 28-годишен Полјак од околината на Варшава му се закануваат 8 години затвор. И не само тоа, аеродромот и превозниците чиишто летови биле презакажани или пренасочени се закануваат дека ќе бараат отштета, која може да достигне и неколку десетици илјади евра.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *