• Fri. Nov 22nd, 2024

Дури 11 млади радовишани се закитија со медали во Џудо

Радовишкиот Џудо Клуб ,,Сенсеи,, на последното државно првенство за пионери и јуниори во Битола освои дури 11 медали . Станува збор за клуб кој по пауза од две години повторно се активираше а за кој спорт мегу младите радовишани има огромен интерес за негување и натпреварување. Наде Најдоска Ристов е задоволна од постигнатите резултати бидејки за кусо време успеале да бидат во врвот на македоснкото џудо во младинските категории

,, Задоволни сме од учеството на нашите џудисти.Направивме голема пауза, и овие резултати беа очекувани. На 27 март не очекува државното првенство за деца и кадети во Прилеп и се надеваме дека ќе постигнеме подобри резултати.,, изјави за ВИС Спорт Наде Најдоска Ристов

Од вкупно 15 натпреварувачи освоени се 11 медали и тоа 1 прво место, 2 втори места и 8 трети места. Во пионерска конкуренција Мрија Крстева освои злато, Надица Спасовска и Анастасија Пулева сребро, Анастасија Ристова и Катерина Ефтимова бронза. Во јуниорска конкуренција Кирче Димитриев, Ратко Костов, Ерсан Лика, Глорија Трајкова, Илина Ристова Благица Гоцевска освоија бронзен медал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *