• Fri. Nov 22nd, 2024

Државниот завод за статистика пресмета раст на просечната плата

ByВане Трајков

Feb 22, 2023

Пораст на просечната плата во декември, објави статистиката. Бројките покажуваат дека е зголемена за скоро 15%, и сега изнесува нешто над 34 илјади денари. Сепак реалната плата бележи пад од 3,3 отсто.  

Ако се земе во предвид инфлацијата, која лани достигна 14,2 %  зголемените плати не ја подобрија купуваната моќ кај граѓаните. Напротив, од ССМ велат дека инфлацијата им го изеде покачувањето.

Порастот на платите е природен феномен, поради тоа што се поскапува и нормало е платите да растат. Но лани иамвме инфлација која буквално ги изедеде сите зголемувања. 14,2 % беше за цела година. Ако ја земеме просечната плата ќе видиме дека е покачена  за над 12% , но во однос на инфлацијата е намалена за 2,2%. Тоа значи дека куповната моќ на вработените е тотално ослабена. И порастот на минималната плата нема никако да го ублажи стандардот кај вработените, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *