Денес во Фествалската сала при Домот на култура “25 Мај” Валандово, започна државниот натпревар за “Хорски и мандолински оркестри” на основните училишта кои претходно победиле во регионалните натпреварувања.
Во име на општина Валандово, натпреварот го отвори претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, додека пак општински претставници во натпреварувачкиот дел се учениците на ООУ “Страшо Пинџур” Јосифово кои се дел од мандолинскиот и хорскиот оркестар на училиштето, предводени од наставникот по музичко образование, Раденко Костадинов.