• Thu. Nov 21st, 2024

До 30 септември е рокот за пријавување за полагање испит за лиценци за проценители на тутун

proceniteli tutun (1)Почна пријавувањето за полагање испит за лиценци за проценители на тутун. Огласот ќе трае до 30 септември. На секоја откупна вага, според законот, мора да има и по еден лиценциран проценител , претставник на здруженијата  на тутунопроизводителите.

Со официјалниот старт на откупот на тутунот кој треба да почне најдоцна до 15 декември годинава, на секоја вага претставниците на тутунските здруженија треба да имаа лиценци за проценители.

Лиценцата важи една година,а кандидатите треба да имаат  високо, вишо или средно образование или  соодветно работно искуство во производството и обработката на тутунот. Со измените што сега се предлагаат,а ќе се применуваат од идната  година, испитот ќе се состои од два дела, теоретски и практичен . Новина е тоа што ќе се полага на компјутери.Трошоците за полагање кои изнесуваа 2500 денари кои ги плаќа кандидатот .Годишно се потребни 320 проценители кои добиваат по 600 денари дневно за 50 до 60 дена колку што трае откупот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *