За да ги земат септемвриските социјални трансфери, помош, детски додатоци и туѓа нега, сите корисници од Еуростандард банка мора да отворат нови сметки до утре. Пензиите и социјалните трансфери ќе се исплатат на корисниците веднаш откако ќе имаат нови семтки, без разлика колку месечни надоместоци не подигнале претходно.
Согласно законскиот рок остануваат уште 12 дена за пријавување на доверителите на Еуростандард банка до стечајниот управник душко тодевски. Рокот од дваесет дена по објавеното решение за отварање стечајна постапка важи и за сите правни лица и фирми кои имале сметки во затворената банка и кои треба да ги пријават своите средства останати на трансакциските сметки.
Околу 55 илјади пензионери и над 50 илјади приматели на социјална помош и додатоци беа клиенти на пропаднатата Еуростандард. До петокот околу 35 илјади пензионери, успеале да отворат трансакциски сметки во други банки и тие следниве денови ќе може да ги добијат септемвриските пензии на новите сметки.
извор: 24 vesti