Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се искачи до 37 степени.
Утре и задутре пак, ќе биде потопло со температури до 39, односно 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во сабота пак, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради ова ќе дојде до пад на температурите во недела, кога истите ќе бидат до 31 степен.