До македонско државјанство и со сметка за струја, вода, здравствена книшка…
Платена сметка за струја, греење, вода или телефон, платен данок, здравствена книшка, извештај или отпусна листа како доказ за лекување, имотен лист… се само дел од доказите врз основа на кои ќе може да се стекнува македонско државјанство, се предвидува со предлог-законот за државјанство кој веќе е во собраниска процедура.
Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, се стекнува со државјанство на Република Северна Македонија, доколку кон барањето приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар.
-извод од матичната книга на родени;
-доказ за завршено учебна година (свидетелство, уверение или диплома);
-доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;
-работничка книшка;
-доказ за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:
данок од личен доход на работниците;
данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;
данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;
данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;
данок на приходи од имот и имотни права;
данок на имот и
данок на наследство и подарок;
-одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;
-доказ за платена сметка за следниве услуги:
електрична енергија,
греење,
вода,
телефонски услуги;
-патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;
-лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;
-лична карта за странци;
-здравствена книшка;
-извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува извршено лекување во јавни здравствени установи во Република Македонија;
-поседовен или имотен лист на име на барателот;
-штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од Република Македонија согласно закон;
-други докази издадени од надлежни државни органи со кои ќе се потврди постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и
-сведителствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата родени од 1984 година до 1991 година.