До вчера вакцинирани 600 новинари и медиумски работници.
Околу 600 новинари и медиумски работници, до вчера во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа со „Спутник“, во акцијата организирана од ЗНМ, новинарскиот синдикат и министерството за здравство.
Во првиот бран се вакцинираа пријавените на повикот кои ги исполнија условите, односно оние над 40-годишна возраст и оние со хронични заболувања.