• Fri. Nov 22nd, 2024

Дојран од следниот месец ќе добие 24 часовна здравствена заштита

ByВане Трајков

Jun 11, 2021

Дојран од следниот месец ќе добие 24 часовна здравствена заштита откако  доби донација на амбулантно возило за брза помош. Донацијата е од фирмата ,, Руски транс’’ од Германија во сопственост на македонец и со истото се отвора можност за брзи интервенции за време на туристичкиот шпиц.  Возило ќе биде во Стар Дојран а во амбулантата  ке се ангажира медицински персонал од Гевгелија и Струмица по систем на ротација кажа министерот Филипче

,, Со ова донирано амбулантно возило значително ќе се подобри пружањето на итна медицинска помош на лицата што престојуваат овде. Од 1 јули медицински персонал од Гевгелија и Струмица ќе ротира овде со 24 часовно дежурство. Лекарите сами ќе проценат дали на пациентите ќе им биде пторебна дополнителна медицнска нега во една од блиските болници на Дојран или ќе биде транспортиран до клиниките во Скопје,, рече министерот Филипче

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *