• Sat. Nov 23rd, 2024

Дојран најавува решавање на канализационите проблеми на градот

Пречистителната станица во Дојран ќе се реконструира. Општината најавува дека ќе се санира и реконстурира системот за пречистителна станица преку министерството за животна средина.

Градоначалникот на Дојран вели дека се подготвуваат за надминување на вообичаените проблеми со канализацијата во летниот период. Дојран не е цолосно покриен со канализација, а постојната е преоптеретена за време на туристичкатља сезона кога истата ја користат многукратно повеќе лица. Засега, вели Ангов, ќе се работи на максимална заштита на водата во езерото преку прочистување на водите.

                                   
Прочистувањето на водата во Дојранското езеро ќе биде поефективно отккао ќе профункционира каналот од грчка страна преку кој ќе се испушта дел од водата од езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *