Познатата дојранчанка, Добрила Ивановска Чабриќ наполни 96 години.
Пред неколку години, таа беше дел од познатото музичко шоу „Никад није касно (Никогаш не е доцна)“, каде што им остави голем впечаток на публиката, жирито и водителот Жика со својата изведба.
Добрила стана најстарата ветеранка во историјата на ова шоу, покажувајќи младешка енергија, а нејзината живост е доказ дека годините се само бројка.