• Sat. Nov 23rd, 2024

Дојранчани се’ уште трагаат по телото на исчезнатиот рибар

Десет дена не може да се најде телото на Ѓорги Атанасов од Дојран, кој на 15 декември попладнето со својот чамец заминал на риболов во Дојранското Езеро. Последен пат Ѓорги е слушнат околу 17 часот како довикува за помош, но луѓето што слегнале до брегот на езерото не можеле да го лоицраат навреме бидејќи било темно. Полицијата почна потрага за него која траеше четири дена, но успејаа да го најдат само чамецот и мрежата, не и неговото тело. Во потрагата беа вклучени специјални единици Тигри, редовна и гранична полиција, вработени во локална самоуправа но и локално население.

Засега потрагата на полицијата е прекината, чекаат ново барање за повторно да се вклучат специјалните единици. Во меѓувреме локални рибари го пребаруваат езерото, но без успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *