Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција, соопшти премиерот Зоран Заев.
Тој информира дека до денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица.
-Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември, стои во објавата на премиерот.