Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 7.703 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел пред речиси три недели.
Од Министерството информираа дека меѓу загинатите регистрирани од почетокот на војната на 7 октомври има 3.500 деца.
Тие редовно ги објавуваат овие бројки откако Израел ги почна контра-нападите врз Појасот Газа.