• Fri. Nov 22nd, 2024

Досега вакцинирани 513 граѓани на македонско-бугарската граница

Бугарската клиника „Комак Медикал“ во следните три месеци планира да им овозможи на македонските граѓани на возраст од 18 години па нагоре да примат вакцина на македонско-бугарската граница и да добијат сертификат. Првиот човек на „Комак Медикал“, бугарскиот филантроп др. Милен Врабевски  вели дека сите лица имунизирани со вакцината на Џонсони Џонсон или со двете дози на Фајзер и Модерна ќе добијат сертификат, а досега се пријавени повеќе од 2.000 граѓани.

-Пред еден месец македонските граѓани добија можност да бидат вакцинирани со вакцините „Фајзер“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“ на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село, досега се имунизирани  513 граѓани вели за „Фокус“ др. Врабевски појаснувајќи  дека лицата кои ќе дојдат во нивните вакцинални пунктови имаат можност да си изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, нагласувајќи дека и оние кои немаат бугарски пасоши, а имаат желба за вакцинација нема да бидат вратени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *