Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов објави дека е донесена одлука за продажба на службеното возило.
Тој претходно изјави дека ќе се вози во сопствениот автомобил со возач, а средствата од продажбата на автомобилот ќе се наменат за проектотот за Младински културен центар, кој треба да биде сместен во еден дел од подрумските простории на општинската зграда.
Станува збор за автомобилот „Шкода суперб”, стар шест години.