Учениците од СОУ “Никола Карев“ Струмица ,профил техничар за мебел и ентериер , денес во Општа Болница, Струмица , донираа дел од своите изработки кои ги изработуваат за време на практичната настава заедно со своите професори по практична настава. Овој пат тие доставија клуб маси, табуретки и висечки шкафчиња, а во тек е и изработка на други производи за потребите на ЈЗО Општа Болница, Струмица