Донациите во солидарниот фонд на Министерството за здравство за собирање средства за борбата со коронавирусот се ослободуваат од ДДВ.
Владата донесе одлука за ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на добра и услуги, кои како донација се дадени на буџетски корисници, како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници остварен со донирани финансиски средства.
Прометот што се ослободува од данок на додадена вредност со оваа уредба е со цел поедноставување и олеснување на процесот на донации остварени кон буџетски единици.
„Со цел поголемо стимулирање на потенцијалните даватели на донации кон буџетските корисници, прометот остварен кон примателите на донации – буџетски корисник се ослободува од данокот на додадена вредност со право на одбивка од претходен данок под услов давателот на донацијата да поседува потврда за примена донација од страна на примателот на донацијата“, соопштија од Владата.
Прометот на добра и услуги што се реализира од донирани финансиски средства се ослободува од данокот на додадена вредност доколку примателот на донацијата – буџетски корисник, достави изјава дека прометот се реализира со донирани финансиски средства.
Даночните обврзници исто така ќе имаат право на одбивка доколку се исполнети условите пропишани во Законот за данокот на додадената вредност.
Вршителот на прометот, односно давателот на донацијата од оваа предлог уредба, е должен да води евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник примател на донацијата