• Sun. Nov 24th, 2024

ДОМ: Одземањето на концесиите за каменоломи – спас за Јабланица

ДОМ ја поздравува одлуката на Министерството за економија и изјавата на министерот, Крешник Бектеши, за одземање на концесиите за ископ на минерални суровини од подножјето на планината Јабланица.

ДОМ веќе го поддржа протестот на жителите на струшкото село Лабуништа и побара од Државниот инспекторат за животна средина итно на терен да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички и степенот на загаденост на водата и почвата. ДОМ побара и изготвување на Стратешка оценка за влијанието на ископите на планината Јабланица врз животната средина.

Како зелена партија ДОМ уште еднаш укажува дека планинскиот масив Јабланица е еден од најубавите на Балканот и дека е отпочната иницијатива за негово прогласување за нацонален парк, како што е тоа случај со делот што и припаѓа на Албанија. Јабланица има извонредни природни убавини и вредности, богат биодиверзитет и место каде што опстојува рисот, како загрозен вид.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *