• Fri. Nov 22nd, 2024

Доделени клучевите на единаесет социјални станови во Струмица

Доделени клучевите на единаесет социјални станови во Струмица.

Илија и Стојна се двајца од единаесетте корисници на социјални станови во Струмица. Солзите радосници и бескрајната радост не ги криеа пред објективот. Велат дека сонот за сопствен дом им станал реалност.

Од акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен простор во Струмица, кои имаа единствена задача да ги поделат клучевите , велат дека становите заминаа во вистински раце, на луѓе кои решавањето на станбеното прашање им е од клучно значење.

Во социјалната зграда останаа нераспределени уште 26 станбени единици, но за распределба на истите ќе одлучува Комисијата за станбени прашања при Влада. Досега имаше три огласа за распределба на социјални станови во Струмица кои се наменети за корисници на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки и лица погодени од елементарни непогоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *