Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк во Богданци. Со него инсталираната моќност на постојниот ветерен парк треба да се зголеми за 13,8 мегавати. Проценетата инвестиција е 21 милион евра.
„Со одобрение за градба и завршени постапки се и ветерниците од 30 мегавати во Богданци, од 36 мегавати во Свети Николе и околу 30 мегавати во Демир Капија. Секако, веќе се продадени локации од 6 или 8 мегавати во Кочани, следуваат 25 мегавати во Дебарца, нови локации во Демир капија и други општини ширум државата“, изјави премиерот Заев.
Ветерниот парк во Богданци започна со изградба во 2013 година и заврши во 2014 година. Со завршувањето на втората фаза вкупната инсталирана моќност ќе биде 50 мегавати.