• Sun. Nov 24th, 2024

Добрата пракса на Локалниот совет за превенција на општина Струмица е препозната од Мрежата на силни градови

ByЃ. K.

Aug 1, 2023

Локалниот совет за превенција како алатка за превенирање на локални проблеми, доби две официјални покани за учество и интерактивна работа заедно со силни градови од регионот и пошироко.

Првата средба се одржа во Куманово на 13 и 14 јуни на која учествуваа повеќе општини исклучиво од нашата земја. Општина Струмица го презентираше својот начин на функционирање и пристап за решавање на локални проблеми преку алатката Локален совет за превенција.

Втората работилница се одржа на 25 и 26 јули во градот Подгорица во Република Црна Гора. Оваа работилница беше на регионално ниво каде учествуваа општини и градови од земјите од Западен Балкан.

Општина Струмица беше единствена општина од нашата земја каде учествуваше и даде голем придонес и пример при формирањето на Локален совет за безбедност на Данаиловград во Црна Гора.

By Ѓ. K.