• Sat. Nov 23rd, 2024

Дневниот центар за лица со попреченост во Гевгелија помогнат со опрема за психомоторен развој

Дневниот центар за лица со попреченост во Гевгелија доби опрема и материјали за работа за психомоторен развој. Опремата се состои од: разбој за ткаење, сито печат за печатење на најразлични теми врз ткаенина, интерактивни уреди, лента за трчање, тркало за глина сунгерести реквизити и најразлични репроматеријали за изработка на магнетни и глинени украси. Ваквата донација се реализираше во рамките на проектот „Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција“.           

Станува збор за проект кој дава придонес во областа на подигање на свеста за вклучување на лицата со различни попречености во општествениот и социјалниот живот во регионот како и подобрување на секојдневниот престој во Дневните Центри.           

Набавената опрема и стекнатите знаења ќе овозможат долгорочни промени во начинот на работење со лицата со различни попречености во однос на работно оспособување, зголемување на вклученоста на пазарот на трудот и социјална вклученост на регионално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *