Првиот човек на струмичката општа болница, доктор Наќе Гогов, попладнево со фејзбук статус побара граѓаните да донираат за купување на ново амбулантно возило, оставајќи притоа и жиро сметка.
Докторот Гогов, во статусот наведе дека возилата се дотраени и во постојано движење, па потребно е ново и сигурно возило за транспорт на пациентите во Скопје. Тој замоли статусот да се споделува, но сепак, за кусо време се предомисли и го повлече. Во следен статус, тој вели дека реакциите на јавноста биле претежно негативни и затоа апелираше повторно, но, овојпат да не се донира.
Струмичката болница се соочува и со недостаток на медицински лица, како и капацитет за сместување на пациенти со КОВИД – 19. Градов последниот месец е меѓу најбрзорастечките по број на позитивни случаи на дневна основа.