Заради превентивни мерки вечерва, околу 19 часот од Германија се дојдени граѓани на нашата земја кои ќе бидат сместени во хотелот Цар Самоил во село Банско и ќе бидат 15 дена во карантин. Ќе бидат под медицинска и полициска заштита за време на престојот каде ќе им бидат овоможени сите услови за нормален престој. Да напоменам дека се работи за луѓе кои кои немаат клиничка слика, нити сомнеж за корона вирус, меѓутоа за уште поголема сигурност ќе бидат изолирани. Од нашата болница од министерството беше побарано да се направи интернистичка анкета од специјалист доктор интернист – да бидат запишани сите хронични болести и лекарства кои ги земаат некои од граѓаните. Колеги кои најгласно зборуваа , се сликаа и кажуваа дека не се работи доволно , дека има пропусти, наоѓаа замерки и се претставуваа како медицински херои по интернет и слично одбија да ја направат интернистичката анкета која им е професионална задача. За среќа има исклучок на колеги кои сериозно ја земаат работата и се издигнаа на ниво на задачата – без да се направи нервоза и паника и сум сигурен дека успешно ќе ја спроведат анкетата.