• Fri. Nov 22nd, 2024

Директорката на клиниката за кожни болести – четврта заболена од корона вирус во земјата

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска е четвртата заболена во земјава со корона вирус, откако пред една недела се вратила од патување Италија, информира на прес-конференција министерот Венко Филипче, кој изрази разочарување од неодговорното однесување на докторката.

– На клиниката за инфективни доцна синоќа е утврдено дека таа е позитивна на корона вирус. Сега во овие моменти се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Морам да изразам крајно разочарување во контекст на непочитувањето на апелите и препораките кои постојано ги упатуваме, а се однесуваат на заштита и одговорно однесување после патувања во ризичните региони. Колешката одела редовно на работа. Земејки го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно. Пациентите кои се таму хоспитализирани исто така ќе се заштитат, утврдено е дека тие можат да го продолжат лечењето во домашни услови. Сите други прегледи ќе бида насочени кон ругите јавно здравствени институции. Таа немала директен контакт со пациенти во амбуланта кои доаѓале изминатава недела. Но имала контакти со членови на нејзиното семејство, со пријатели, по што за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат под здравствен надзор – рече Филипче.

Тој рече дека ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје.

– Сега таа е на лекување, ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Нема друг начин на заштита освен да се почитуваат апелите и препораките усвоени од Владата. Колешката е хоспитализирана, останатите ќе бидат во изолација. Максимално сум разочаран. Не можеме да ги затвориме границите, ниедна држава не затвора граници. Сите препораки на експертите се самоизолација, како што уште пред две недели препорачавме, за секој кој доаѓа од ризичен регион. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет – додаде Филипче.

На двајцата маж и жена состојбата им е стабилна, а состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Утре поминува 14 дневниот карантин за сите нејзини сопатници, ќе се направат интервјуа и ќе се види дали ќе се прават тестирања. Министерот информира дека ќе ѝ биде направен контролен тест, по што ќе се знае дали ќе биде пуштена дома.

Тој потсети и на мерките кои се воведени во Италија, односно дека црвена зона е прогласена во 14 провинции во Ломбардија.

-Сите мерки за изолација важат за сите луѓе кои се затекнати во тие региони. На нив им е забрането патувањето. „Виз ер“ ги суспендираше сите летови од таму за овде. Испративме барање до Стопанска комора да се види дали имало организирани патувања и кога се очекува патниците да се вратат. Испраќам смирувачка порака, целосно сме посветени, будно ги следиме состојбите во регионот, комуницираме со претставници на СЗО и во овој момент нема поголем приоритет од овој во нашиот сектор – рече министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *