Вработените во јавните претпријатија „Паркинзи на општина Центар” од Скопје со раководниот тим и директорот Саша Богдановиќ, на „Куманово Паркинг” од Куманово и директорот Фадиљ Шабани, на „Градски паркинг и зеленило” од Гостивар со директорот Меметали Емро и на „Паркиралишта Струмица“ со директорот Верица Узунова, денеска, остварија работна средба во домот на АРМ во Струмица. На средбата се дефинираа следните чекори во делувањето преку асоцијацијата чија иницијатива за формирање беше отпочната за прв пат во Скопје минатиот месец.
Дополнително на состанокот беа дефинирани и работни групи на ниво на четирите јавни претпријатија со соодветни задолженија за понатамошното делување во подобрување на квалитетот на паркинг услугите, но и полесно справување со предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, а се однесуваат на безбедноста на сообраќајот во мирување.