• Sun. Nov 24th, 2024

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

ByВане Трајков

Oct 19, 2019

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на отворањето на јубилејната манифестација “Валандовска ракијада “, која денеска слави 20 години. Оваа манифестација го симболизира завршувањето на гроздоберот и претставува можност за презентирање и на другите домашни производи од грозје.

Министерот Димковски посочи дека МЗШВ изминатите две и пол години континуирано работи на развојни мерки за лозарството како стратешка земјоделска гранка, а во делот на производството на ракија потенцираше дека измените на Законот за акцизи кои стапуваат на сила на 1-ви јануари 2020 година, овозможуваат низа поволности за производителите на ракија.

 “Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде  10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *