По пребројувањe на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија го отфрли приговорот на опозициската ВМРО ДПМНЕ за гласањето на предвремените локални избори за избор на градоначалник на Ново Село.
Според опозициската партија, бројот на гласачки ливчиња во избирачкото место 1789 наводно не се совпаѓал со бројот на потписи во избирачкиот список, меѓутоа од ДИК констатираа дека има совпаѓање меѓу ливчињата и потписите.
Воедно, ДИК побара да се разреши избирачкиот одбор и Општинската изборна комисија за ова гласачко место поради хаосот што го направиле во записникот за изборниот ден.
На овој начин, нема да има прегласување и се потврдува изборот на Никола Андонов од СДСМ за нов градоначалник на оваа струмичка рурална општина.