• Fri. Nov 22nd, 2024

Дигитализација на узугите за намалување на ризикот од катастрофи во Валандово и Дојран

-Заедно со претставници од УНДП и општина Дојран, одржавме работен состанок за проектот за меѓуопштинска соработка “Дигитализација на услугите за намалување на ризикот од катастрофи и заштита на животната средина”, кој заеднички ќе биде имплементиран во општина Валандово и општина Дојран, објави градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Целта на истиот, е преку дигитализација и доопремување на противпожарните единици во двете соседни општини, да го намалиме ризикот од катастрофи и да ја зајакнеме ефикасноста за заштита на животната средина во нашиот регион, појасни Костадинов.

Модернизирањето на територијалните противпожарни единици е влог во безбедна заедница на долг рок. Инвестираме по приоритети, градиме партнерства и ги јакнеме институционалните капацитети, вели градоначалникот на Валандово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *