Десетмина вработени во струмичката Дирекција за заштита и спасување го сочинуваат тимот за справување со поплави кој од лани располага со современа опрема, една голема моторна пумпа и седум помали електрични во вредност од 300 илјади евра.
Дирекцијата од Струмица опремата, ја доби преку ИПА проект на Евроспката унија, со која бил опремен и тим во Битола за водени бариери, кои според експертите се алуминиумски држачи кои се местат многу побрзо од вреќите со песок. Од Дирекцијата велат, дека Македонија и тим лидер на Балканот во меѓународните акции за борба против водените стихии.
Во април годинава, вклучените во заштитата и безбедноста на граѓаните од Југоистокот ќе одат и на вежба во Дојран, но повторно и во Германија.
Димчев појаснува дека во Струмица освен тимот за справување со поплави, има и тим за спасување на и под вода, за што хонорарно се ангажираат лица од нуркачките тимови. Дирекцијата, во Берово има стационирано тимови за гасење пожар, а возило за шумски пожар има таму и во Валандово поради сушната природа во која може лесно да настане пожар.