Со шарени балони, но на дистанца и под посебни протоколи им се посака добредојде на децата во струмичките градинки. Утрово од 8 часот почна приемот на децата, а управата на градинката информираше дека се подготвени да работат во новите услови.
Вработените во градинката велат дека биле возбудени и тие и децата. Изненадени се колку малите биле информирани за вирусот, но и од тоа како поминал првиот ден на градинка.
Денеска не тргнаа сите деца во градинка. Околу осумдесет дечиња ќе почекаат уште неколку денови да се прилагодат условите во нивната градинка. Станува збор за градинката Клон2 којашто се наоѓа во големиот градски парк. Објектот е подготвен за прием на деца, но поради градежните активности во дворот приемот на деца ќе се одложи уште неколку денови.
Градинка ќе посетуваат околу 520 деца. Групите се редуцирани. Во јаслите ќе има до 6 деца во група, додека поголемите групи деца до 6 годишна возраст ќе има максимум 15 деца во група.