• Fri. Nov 22nd, 2024

Десетици деца низ Европа затруени со салмонела – најверојатно од Киндер јајца

Десетици деца низ Европа затруени со салмонела – најверојатно од Киндер јајца

Многу деца во неколку европски земји страдаат од труење со храна откако се заразиле со салмонела, а се верува дека оваа опасна бактерија ја добиле со конзумирање на популарното чоколадо „Киндер јајце“.

Според британскиот Дејли Телеграф, супермаркетите како Вејтросе, Теско, Морисонс, Лидл и Асда ги повлекле чоколадите од полиците. Мал број пациенти морало да бидат хоспитализирани, а само во Британија се проценува дека најмалку 63 деца се заразиле, многу од нив на возраст под пет години. Би-Би-Си објави дека случаи на труење се регистрирани и во Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Најмалку 19 случаи се пријавени во Франција, 10 во Ирска, шест во Германија и два во Холандија. Сите се поврзуваат со консумирањето на Киндер јајце, објави британската Агенција за контрола на храната (ФСА) , пренесува Гардијан.

Салмонелата предизвикува повраќање, дијареа и грчеви во стомакот, а често се наоѓа во непастеризирано млеко, јајца и недоволно варено месо. Повеќето пациенти закрепнуваат по неколку дена, но кај некои, особено кај децата, симптомите може да бидат доста тешки и може да предизвикаат големи проблеми кај оние со ослабен имунолошки систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *