• Fri. Nov 22nd, 2024

Ден на срцето: Лицата со кардиоваскуларни заболувања да се придржуваат до мерките

By

Sep 29, 2020 #ден, #срце
Closeup of heart and a stethoscope cardiovascular checkup concept

По повод одбележувањето на 29 септември – Светскиот ден на срцето, потсетуваме на препораките од Светската здравствена организација за заштита од вирусот Ковид-19, имајќи предвид дека лицата со кардиоваскуларни заболувања се една од најчувствителните групи.

Светската здравствена организација препорачува: практикување физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон, како и одржување на социјалните контакти и редовна комуникација со семејството и пријателите, сега со целосно придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.

За лицата со кардиоваскуларни заболувања посебно значајно е практикувањето физичка активност со умерен интензитет, најмалку 150 минути и физичка активност со силен интензитет, минимум 75 минути на неделно ниво или комбинација од двете.

Лицата со кардиоваскуларни заболувања доколку забележат симптоми, како што се недостиг од воздух, треска или кашлица, веднаш да се јават кај својот матичен лекар или во болница, и притоа да нагласат дека спаѓаат во ризична група.

За да се избегне можноста за инфекција на најчувствителните групи, меѓу кои се и лицата со кардиоваскуларни заболувања, потребно е да продолжат да ја земаат препишаната терапија, да ги почитуваат препораките на лекарите и да обезбедат резерви од терапијата за најмалку еден месец, одржување дистанца со тие со кои стапуваат во контакт и да останат дома доколку се во можност.

Воедно, потсетуваме на општите препораки за заштита од ширење на коронавирусот, како што се одржување дистанца од најмалку еден метар, често миење на рацете со сапун и вода, најмалку 20 секунди, особено после кашлање, кивање и секнење на носот, како и употреба на средство за дезинфекција на рацете, што содржи најмалку 60% алкохол. Избегнувајте да ги допирате устата, носот и очите, избегнувајте гужви и слабо проветрени простории и избегнувајте ги сите непотребни патувања.

извор: http://kanal5.com.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *