,, Со голем дел од фудбалерите во составот од македонската репрезентација се познаваме одлично, дел од кариерата ја минавме заедно во Беласица и Вардар. Имам добра комуникација со сите, убеден сум дека тој однос дополнително ќе го надградиме со целата екипа. Драго ми е што во тимот има одлична енергија, тоа го видовме сите, не само поради добрите резултати во последната година, туку и заради поврзаноста меѓу фудбалерите и нивниот однос кон дресот со државен грб,, рече Масев
,,Имаме одлична репрезентација и добри поединци предводени од капитенот Пандев. Во Лигата на Нации имаме голема шанса и сметам дека сме способни за прво место во групата. Потоа се е можно. Секако дека посакуваме историски резултат и пласман на Европско првенство. Тоа со оваа репрезетнација ни недостасува. Сите сме тука за таа цел, да направиме нешто големо“ – вели Масев по преземањето на новата функција.