• Sun. Nov 24th, 2024

Денеска се празнува светата великомаченица Варвара

ByЃ. K.

Dec 16, 2023

Денеска се празнува еден од поголемите празници во христијанството, посветен на светата великомаченица Варвара.

Се верува дека таа била христијанка, која ја ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.

Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока.

Варење жито на овој ден среќаваме и во Кумановско. Овде најчесто во ѓезве вареле пченка и пченица (мешан бериќет) и сите од куќата каснувале утрото пред да одат на работа. Тоа се правело за да не се запече полето да биде влажно како водата во ѓезвето и да тера бериќетот. Истиот ден се јадел варен грав за да не го тепа град полето.

Во Велешко верувале дека од Варвара до Игнат денот се кревал колку врв од игла, а од Игнат до Васил пак како врв од игла.

Култот на Светата маченица Варвара особено популарен бил во Разлошко каде што се верува дека таа била од овој крај и дека тука настрадала.

Денеска црквата го слави и свети Јован Дамаскин, кој живеел во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранел Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

By Ѓ. K.